Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блумберг - Путин успеа да ја погоди Европа во најболната точка

Блумберг - Путин успеа да ја погоди Европа во најболната точка

Рускиот претседател Владимир Путин успеа да ја погоди Европа во најболната точка - енергијата, пишува Блумберг, пренесува „Б92“.

Тие додаваат дека зголемувањето на цените на горивата доведе до висока инфлација и економски пад во западните земји.

-  И покрај фактот што Европската унија и наметнува најстроги ограничувања на Русија, расте бројот на компромиси, почнувајќи со отстапки во однос на снабдувањето со нафта преку цевководи и завршувајќи со исклучувањето на патријархот Кирил од листата на санкции - се вели во публикацијата.

Како што беше истакнато, економската војна против Русија ја подели ЕУ, бидејќи земјите се „уморни од санкции“.

Финансиското оружје е несовршена алатка, која делува селективно и води до непредвидливи последици“, се нагласува во написот.

Според проценките на „Блумберг економикс“, овогодинешните приходи на Русија од нафта и гас ќе изнесуваат околу 285 милијарди долари.

-  На тоа додајте и други стоки, тоа ќе компензира за 300 милијарди долари руски девизни резерви, замрзнати во рамките на санкциите - заклучува авторот на написот.

Слично

Поврзани вести