Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокирано метрото во Атина, вработените 6 дена на штрајк

Блокирано метрото во Атина, вработените 6 дена на штрајк

Веќе шести ден трае штрајкот на вработените во атинското метро иако судот вчера им нареди да се вратат на работа и наведе дека штрајкот е незаконски, пренесоа грчките медиуми.

Синдикатот на вработените од метрото во Атина протестираат против планираното намалување на наградите на плата. Законот предвидува платите да бидат намалени за 25 отсто, но синдикатите тврдат, дека тоа ќе биде 50 процентно намалување.

Освен вработените во метрото, штрајкуваат и службениците во трамваите, автобусите и тролејбусите, а сообраќајот низ Атина е сериозно отежнат.

Слично

Поврзани вести