БЛОКИРАНИ СМЕТКИ: За една година, под блокада нови 20 000 граѓани!
Измина уште една година во која се зголеми бројот на граѓани и на фирми со блокирани сметки. На годишно ниво, бројот на блокирани граѓани се зголеми за нови 19 687, а бројот на блокирани фирми порасна за 2 357. На ниво на Македонија, заклучно со ноември имало 120 514 фирми и граѓани со блокирани сметки. Во 2015 година, само како резултат на последната операција на УЈП за присилна наплата на радиодифузната такса, блокирани беа 27 000 граѓани.
Блокади на граѓани ...
Последните расположливи податоци покажуват дека на истекот од 2015 година, или заклучно со ноември во земјава имало 75 707 граѓани со 178 219 блокирани банкарски сметки по основ на решенија за присилна наплата за досепани долгови. Спордбената анализа покажува дека во ноември, во споредба со истиот месец од 2014 година, има пораст и на бројот на бликирани граѓани и на бројот на блокирани сметки. Така, за една година бројката на блокирани граѓани е зголемена за нови 19 687, односно во ноември 2014 под блокада биле 56 020 луѓе. Пораст има и кај бројот на блокирани сметки на физички лица.
Број на блокирани сметки- физички лица :
Ноември 2014 144 803 блокирани сметки
Ноември 2015 178 219 блокирани сметки
Најголем удар за граѓаните беа и блокадите што при крајот на ланската година ги спроведе Управата за јавни приходи по основ на присилна наплата на Радиодифузна такса. При последниот бран беа блокирани 27 000 граѓани.
Голем револт кај граѓаните направи и дополнителниот трошок за да ги “одмрзнат“ сметките. Имено, за да ги деблокираат своите сметки,граѓаните требаше да платат и околу 1 400 денари. Од друга страна, додека по налог на МРТВ се спроведуваше присилна наплата, јавното радиодифузно дрштво се појави на листата должници на државата, по основ на доспеани а неплатени обврски.
Блокади на фирми ...
Изминатата 2015 година не беше ништо подобра и за компаниите. Имено, заклучно со ноември на годишно ниво е регистриран пораст и на бројот на блокирани компании и на бројот на блокирани сметки на фирмите. На крајот од единаесеттиот месец во земјава имало 44 807 компании со блокирани 69 271 банкарски сметки. Во однос на истиот месец во 2014, година бројот на блокирани фирми се зголемил за 2 357 а бројот на блокирани сметки пораснал за 3 553.
Дел од бизнисмените веќе алармираа дека тековната 2016 година ќе биде неисвесна и проблематична поради политичката криза, што веќе се одразува врз ликвидноста на компаниите, односно финансиската кондиција навреме да ги сервисираат обврските.
“Сигналите за наредната година не се многу оптимистички за бизнис заедницата и не очекуваме раст поголем од 3 проценти. Наредната година ќе биде економски тешка поради внатрешните и надворешните проблеми како што се бегалската криза, политичката криза, изборите и проблемот со името“, рече Неби Хоџа од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Според Хоџа ваквите очекувања се логични со оглед на тоа што стопанството веќе полажало проблеми со ликвидноста и блокади во плаќањата на обврските. Стопанствениците од оваа комора најавија дека до Владата повторно ќе доставт листа на барања и предлог мерки со кои треба да се олесни, односно подобри бизнис амбиентот во 2016 година.
Вкупно сумирано, на истекот од 2015 година во Македонија имало 120 514 фирми и граѓани со блокирани сметки, при што за една година оваа бројка се зголемила за 22 044 новоблокирани.
Р.Ф.
