Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокиран влезот на Скопје од страната на Тетово

Блокиран влезот на Скопје од страната на Тетово
Влезот кон Скопје од страната на Тетово утрово е блокиран за сообраќај поради вчерашното убиство на 18-годишното момче Ангел што се случи во населбата Ѓорче Петров, јави Плус инфо. За влез во Скопје од западната страна, мора да се движите по обиколницата, а според информации од полицијата, и улицата 4 jули во населбата, поради превртените контејнери на патот, е непрoодна за возила. По убиството на матурантот А.П., синоќа во населбата Ѓорче Петров се собраа граѓани кои во знак на револт поради убиството, предизвикуваа инциденти од порта Влае па се до седиштето на општината. Полицијата го потврди убиството, приведен е еден осомничен. Според првичните информации на убиството му претходела кражба на велосипед од дворот на семејството на убиеното момче, соопштија од МВР.
Слично

Поврзани вести