Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокиран граничниот премин Јариње

Блокиран граничниот премин Јариње

Колона од автомобили полни со српски демонстранти од Косово, долга неколку километри, попладнево го  блокираше граничниот пункт Јариње на српско-косовската граница.

На ваков чекор се решиле со цел да им обрнат внимание на премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, кои утре во Брисел ќе преговараат за статусот на српските општини во Косово, а тоа е дека нема да прифатат никакво решение кое ќе биде спротивно на српскиот Устав, посочија демонстрантите.

Во протестот учествуваа и претставници на општинските раководства на српските општини од Северно Косово, како и заменик директорот на српската владина канцеларија за Косово, Крстимир Пантиќ.

Косовските Срби од северниот дел на покраината не ги признаваат косовските институции и се сметаат за граѓани на Србија. Тие сега бараат државниот врв на Србија да го почитува српскиот Устав и волјата на граѓаните во Северно Косово, кои преку референдум се изјаснија дека не ги прифаќаат косовските институции.

Слично

Поврзани вести