Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокиран центарот на Белград: Протест на адвокати, им се придружија и таксистите

Блокиран центарот на Белград: Протест на адвокати, им се придружија и таксистите

Повеќе илјади адвокати се собраа денеска пред зградата на Владата на Србија, каде протестираат барајќи да имсе исполнат барањата, поради што во тој дел од градот сообраќајот се одвива отежнато. Раскрсницата Немањина улица и Улица Кнез Милош целосно е блокирана, додека во околните улици сообраќајот се одвива отежнато.

Адвокатската комора на Србија проценува дека на протестот се собрани околу 4000 адвокати од цела Србија, по повод месец дена откако ја запреле работата. Адвокатурата, како е речено на собирот, сака да и привлече внимание на Владата на Србија со своите барања, како и да му покаже на Министерството за правда дека адвокатите на работат скришно и дека не се во судниците, туку дека протестот продолжува.

На нив им се придружиле и белградските таксисти кои придонеле сообраќајот да биде целосно блокиран.

Адвокатите на собирот истакнале дека сакаат да ги продолжат преговорите со Владата на Србија или со кој ќе одреди таа. Белградските адвокати ја запреле работата на 10 септември, а колегите од Србија им се придружиле недела дена подоцна на 17 септември.

Адвокатите бараат регулирање на паушалото оданочување, како и измени на закони кои се однесуваат на воведување на јавно бележење во Србија.

Слично

Поврзани вести