Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛОКАДИ: За четири години – 45 илјади новоблокирани граѓани!

БЛОКАДИ: За четири години – 45 илјади новоблокирани граѓани!
Од почетокот на годината, заклучно со јули, незапирливо расте бројот на фирми што имаат блокирани сметки. Најновите податоци на Народната Банка покажуваат дека во седмиот месец од годинава под блокада биле 43 713 фирми. Во споредба со јануари, оваа година бројот на блокирани компании се зголемил за 1 517 новоблокирани.  Само за четири години,  бројот на новоблокирани фирми се зголемил за 6 358 . Еве како се движеше динамиката на пораст на  бројот на блокирани фирми: 2012    37 355 2013    39 123 2014     42 595 2015   43 713 Не само што се зголемува бројот на блокирани фирми, туку расте и бројот на блокирани сметки  што ги поседуваат фирмите. Така, заклучно со јули имало 68 001 блокирана  сметка во приватниот сектор.  Во споредба со јули, 2012 та година, бројот на блокирани сметки се зголемил за 10 360. На крајот од седмиот месец, под блокада биле 72 460 физички лица со 169 458  блокирани сметки. За разлика од состојбата кај фирмите, во јули има тренд на намалување на блокадите кај граѓаните. Имено, во споредба со јуни, бројот на блокирани граѓани се намалил за 1 270. Сепак, во последните неколку години и кај физичките лица е регистриран постојан пораст на бројот на блокирани сметки. Во однос на 2012 та, јуни, годинава бројот на блокирани граѓани е зголемен за 45 520, што укажува на влошување на финасиската кондиција на населението навреме да ги севрисира обврските, ососбено кон банките и кон државата.
Слично

Поврзани вести