Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокадата на крстосниците заврши, сообраќајот нормализиран

Блокадата на крстосниците заврши, сообраќајот нормализиран

Блокадата на крстосниците во Скопје заврши, по што сообраќајот е нормализиран.

Демонстрантите порачуваат „Ние сме тука за сите нас. Се извинуваме што ви го отежнавме денот“. Тие објаснуваат кои се нивни барања и за што протестираат. Бараат итно и целосно поништување на одлуката за аболиција од 13 април 2016 година, а потоа и итна и неотповиклива оставка од претседателот, Ѓорѓе Иванов. Се залагаат за решавање на кризата, оставка од Владата, ослободување на демонстрантите на „Шарената револуција“.

Протестите во 18 часот продолжуваат секој ден пред СЈО.

Слично

Поврзани вести