Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокадата на еврообврзницата е опомена за Владата – тврдат од ДС

Блокадата на еврообврзницата е опомена за Владата – тврдат од ДС

Од Демократскиот сојуз велат дека блокадата на реализацијата на еврообврзницата во износ од 650 милиони евра, која Владата ја издаде, е сигнaл од потенцијалните кредитори дека независно од добивката тие сепак се одлучија да го послушаат гласот на народот и реакциите на медиумите, граѓанскиот сектор и партиите.

„Ваквата одлука е опомена до Владата и ВМРO-ДПМНЕ и ДУИ дека странските банки немаат намера да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните (масовно прислушување) и изборните правила и високи функционери се вклучени во тешки облици на криминал. Демократскиот сојуз оценува дека санкциите преку финансиска и економска изолација на Република Македонија ќе продолжат и ќе се зајакнат“ - реагираат од ДС.

Од партијата велат дека затоа треба да се формира експертска Влада, со мандат да ги стабилизира состојбите, спроведе реформи и да создаде услови за избори.

Слично

Поврзани вести