Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛОКАДА: Војската почна да крева ограда на границата со Грција

БЛОКАДА: Војската почна да крева ограда на границата со Грција

АРМ утрово почна да крева метална ограда на јужната граница со Геција, откаде мигрантите тргаат на патување кон западна Европа.

Војниците почнаа да поставуваат метални столбови во земјата на која намоткуваат жица, при што треба да изградат ограда слична на онаа која Унгарија ја дигна на својата јужна граница со Србија и Хрватска како би го намалила приливот на мигранти.

Сиријци, Авганистанци и Итанчани воглавно непречено поминуваат преку Балканот, до кој повеќето доаѓаат со бродови и чамци од Турција, преку Грција.

Поради одлуката за враќање на сите други државјани, дојде до големи гужви на македоснко-грчката граниџа, како и протест кој го организираа незадоволните Иранци, Пакистанци, Мароканци и други.

Инаку, од Европската комисија (ЕК) во Брисел официјално соопштија дека властите во Македонија и Србија сами решаваат на кого од мигрантите ќе му одобрат да мине по т.н. „Балкански пат“ во насока на Европската унија.

Според ЕК, Скопје и Белград можат да ги вратат сите мигранти, кои сметаат дека се економски и дека не се воени бегалци. На прашањето на новинарите дали двете земји треба да се консултираат со агенцијата Фронтекс по прашањето за мигрантите портпаролката на ЕК, Наташа Берт го изјавила следново: Фронтекс дејствува само во земјите од ЕУ. Во трети земји, како што е случајот со Македонија и Србија, ЕУ не издава правила како овие држави треба да дејствуваат во однос на мигрантите и враќањето на економските мигранти од нивна територија.

Надлежните од минатата недела ги враќаат сите економски мигранти назад на Грција дозволен е премин само на бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан.

Слично

Поврзани вести