Близу три милиони денари Тодоров ќе „фрли“ за да измери колку се задоволни пациентите од здравството
Колку се задоволни пациентите од здравствените услуги, ќе истражува и оваа година министерот за здравство Никола Тодоров.
Токму ова истражување е причина за распишување на тендер во вредност од 2.900.000 денари или 47.540 евра.
Претходните два тендери намерно или случајно завршуваа во рацете на ИПИС-„Институт за политички истражувања Скопје“ чиј координатор е политичкиот аналитичар кој на јавноста и е познат по честите поддржувања и одлуки на владеачката гарнитура Владимир Божиновски.
Ова истражување годинава ќе се направи по трет пат. Јавноста нема пристап до резултатите од комплетното истражување направено лани, додека од истражувањето од 2015 година резултатите се достапни.
Она што ја интересира пошироката јавност е дали парите што ќе се потрошат за вакви истражувања имаат воопшто некакво влијание врз лошите здравствени слики кои може да се сретнат во поголем дел од државните клиники.
