Близу милион евра за реконструкција на кејот од Камени мост до Холидеј Инн
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ќе го реконструира кејот покрај Вардар. Планирана е реконструкција од Камениот мост па се до хотелот Холидеј Инн.
За оваа намена, градот Скопје планира да потроши 806 илјади евра без ДДВ. Тендерот е веќе објавен и се бара изведувач. Според податоците, планирани се цвеќарници, два вида канделабри, клупи, ограда и кејски ѕид, како и чешма.
Практично, станува збор за делот покрај кејот на Вардар, каде сега е техниччка улица, која се користеше за изградба на зградата во која сега е сместен Телеком.
Слично
