Близнаци, Скорпија, Стрелец: Дознајте по што се разликуваат од преостанатите знаци!
Близнаци
Уште од мали сакаат да истражуваат и испитуваат. Многу се љубопитни, па ги интересираат работи од различни области, иако најчесто се наклонети кон уметноста. Многу се интелигентни, па оттука произлегува нивната духовитост и досетливост. Од таа причина секогаш се опкружени со луѓе со кои можат да водат конструктивни разговори, а исто така бараат интелигентна партнерка со која ќе можат да разговараат за се’ бидејќи празните приказни не ги исполнуваат.
Скорпија
Ниту еден хороскопски знак не е толку интуитивен како Скорпијата. Речиси и да не постои работа во која нивното нагласено шесто сетило не би можело да продре. Тие секогаш тежнеаат во се’ да почувствуваат длабочина, да загребат под површината и да ја видат вистинската смисла. Не обидувајте се нив да ги манипулирате, бидејќи тие се оние кои тоа го прават, а многу лесно ги насетуваат туѓите намери.
Стрелец
Секогаш имаат потреба да дознаат повеќе и често делуваат прилично несериозно. Меѓутоа, тие и тоа како знаат да ги проценат ситуациите. Многу се друштвени и знаат како со луѓето. Не им е проблем на прва да придобијат симпатии во друштвото. Меѓу припадниците на овој знак има доста научници.
Слично
