Економија, финансии, бизнис

Контакт

Близначки спасени, па изгубени во Грција

Близначки спасени, па изгубени во Грција

Во пожарот во Грција успешно се спасени 9-годишни близначки, на кои потоа им се губи трагата, јавува дописничката на МИА од Атина. 

Од рано утрово, татко на две 9-годишни близначки, преку грчките медиуми бара помош за пронаоѓање на неговите ќерки. Девојчињата биле со бабата и дедото во населбата зафатена од пожарот и им се губи на сите секаква трага.

Родителите пријавиле во полиција, во противпожарната служба, ги посетиле сите болници, дале ДНК примерок за идентификација, во случај девојчињата да се меѓу загинатите.

Таткото на близначките, за грчката телевизија Скај, вели дека за неговите родители нема никаква информација, а сосема случајно на телевизија, во прилог за спасувачката акција по море, во еден од чамците ги видел неговите ќерки.

Од телевизијата, со посредство на полицијата, до таткото е доставен примерок од видеото, на кое тој вели дека со сигурност се неговите ќерки. Меѓутоа, сега, никој не знае каде се девојчињата. Заедно со група граѓани, биле спасени од една од плажите и со брод пренесени до пристаништето Рафина.

Слично

Поврзани вести