Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блиц:Испитаните примероци од српското млеко се алармантни

Блиц:Испитаните примероци од српското млеко се алармантни
Според протоколот на холандската лабораторија Рикилт Вагенинген, во која беше правена суперанализа на млекото од Србија, сите примероци во кои нивото на афлатоксин е над лимитот пропишан во ЕУ, се квалификуваат како „алармантни“, пишува српскиот весник Блиц. Директорот на лабараторијата Роберт ван Горком за Блиц изјавил дека зборот „алармантно“ (ниво) не е употребен специјално за примероци на млеко од Србија. Единствената референтна лабораторија на ЕУ соопшти дека од 48 испитани примероци, 33 надминуваат граница на европски стандарди од 0,05 мг/кг. афлатоксин М1 по литар млеко. Најниското ниво на афлатоксин во млеко од Србија изнесувало 0,014 мг/кг додека во два примерока е пронајдена содржина на таа материја над 0,5 мг/кг. (0,527 и 0,647). „Нашата лабораторија составува извештаи за резултати од анализа на примероци чија вредност е над лимитот според одреден протокол. Во принцип, примероци чии вредности надминуваат лимит, ги нарекуваме „алармантни“.Кога наши клиенти бараат да извршиме мерења, тие знаат дека мора да го почитуваме тој протокол иако во Србија лимитот е 0,5 микрограми, а не 0,05 како во ЕУ“, вели Ван Горком.
Слично

Поврзани вести