Блиските на загинатите во Диво насеље бараат оштета
Роднините на загинатите полицајци на денешното продолжение од судскиот процес Диво насеље, рекоа дека во граѓанска постапка бараат отштета за нивната смрт и дека се приклучуваат кон кривичниот прогон.
Од предложените тројца сведоци на државата, на денешното рочиште само двајца се појавија. Станува збор за Армент и Сабит Сејдиу, татко и син, чија куќа се наоѓа на 100 метри од локацијата каде што се одвиваа вооружените дејствија.
„Еден месец пред да се случи настанот јас почнав со подготовка на нов дуќан во Куманово и постојано бев зафатен. Рано излегував од дома, а доцна се враќав. Бидејќи не се вртев многу низ маалото, не знам ништо. Имам многу големи трауми од самиот настан, а се сеќавам само на некои нешта. Околу 4.30 часот на 9 мај, слушнавме низа пукотници. Кога ќе престанеа пукотниците, пополека успевавме да се симнеме на долниот кат од куќата, плашејќи се некој куршум да не не погоди. Кога конечно успеав да го прашам полицаецот кој беше пред нашата куќа што се случува, ми рече:„ Влези внатре, се пука“. После некое време дојдоа полицајци и не однесоа во станица. Во мала соба не чуваа долго време, 50 лица од маалото. Не ни правеа никакви проблеми, но еве една година подоцна не сакам да мислам на тоа што го доживеавме “- вели Армент Сејдиу.
Кажа дека само тројца од оние кои се во судница ги знае, затоа што со нив израснал. Неговиот татко кажа дека бил во родното село и од ќерка му дознал за немирите.
На следните рочишта се очекува да сведочат дел од сведоците на ОЈО и одбраната, а потоа ќе сведочат и заштитените сведоци.
Слично
