Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блиските на Ивановиќ ги интересира нарачателот, а не сторителот на убиството?

Блиските на Ивановиќ ги интересира нарачателот, а не сторителот на убиството?

Внукот на Оливер Ивановиќ, Александар Ивановиќ вели дека семејството тешко ја поднесува трагедијата, но за нив најважно е да се открие нарачателот на убиството. 

„Многу нѐ интересира вистината. Не кој е сторителот, тоа се најчесто млади луѓе, туку кој го нарачал убиството. Прочитајте ги неговите интревјуа во последните 3-4 месеци и сѐ ќе ви биде јасно. Се чувствуваше во воздухот, заканите биле присутни, Оливер ги известувал надлежните, привлекувал внимание, но сепак никој ништо не преземал“ - навел Александар за српските медиуми.

Според германските весници, Ивановиќ бил „трн во око" на националистичките албански елити во Приштина, но не бил по волја ниту на српските националисти, а имал непријатели и во меѓународните надзорни органи на Косово.

Слично

Поврзани вести