Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛАГОРОДНИОТ МЕТАЛ УРИВА РЕКОРДИ: „Златна треска“ го тресе светот

БЛАГОРОДНИОТ МЕТАЛ УРИВА РЕКОРДИ: „Златна треска“ го тресе светот

Светот се соочува со „златна треска“. 

Унца злато веќе чини повеќе од 1.900 долари, што е за 30 отсто повеќе отколку за време на превирањата на финансиските берзи во март. 

Деновиве расте цената на златото и на среброто. На ова влијаеше и ослабениот долар и сѐ поголемиот број на заразени со коронавирусот. 

ETF фондовите кои во своите портфолија имаат злато, добиваат на вредност веќе 18 недели. Ова е најдолга серија од 2006 година наваму.

Зголемената побарувачка за скапоцени метали, поради влошените дипломатски односи меѓу Кина и САД доведе до зголемен раст на цената на златото кое на денешното тргување ги сруши сите ценовни рекорди 

Сега златото  се  тргува по цена од 1.943 долари што е зголемување за 1,6 отсто.

Слично

Поврзани вести