Благоја Устијаноски нов член на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје: зад себе има 15 годишно искуство во банкарскиот сектор и успешна кариера
Нов член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје е Благоја Устијаноски, кој според објавата на банката и официјално ја презеде функцијата.
Устијаноски има над 15 годишно искуство во банкарскиот сектор и успешна кариера во Охридска Банка АД Скопје (Société Générale Group), а по присоединувањето со Шпаркасе Банка АД Скопје во 2021 година станува Директор на Секторот за корпоративни клиенти.
- Со задоволство објавуваме дека Благоја Устијаноски официјално ја презеде функцијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Со ова назначување, Управниот одбор продолжува да работи во проширен состав од пет членови, дополнително зајакнувајќи ги капацитетите за реализација на стратешките приоритети и понатамошниот развој на Банката. Во својата нова улога, Благоја Устијаноски ќе биде одговорен за Дирекцијата за корпоративни клиенти и Дирекцијата за тргување и финансиски пазари.
Со повеќе од 15 години искуство во банкарскиот сектор и успешна кариера во Охридска Банка АД Скопје (Société Générale Group), по присоединувањето со Шпаркасе Банка АД Скопје во 2021 година станува Директор на Секторот за корпоративни клиенти.
Во текот на изминатите години даде значаен придонес во растот и развојот на корпоративното портфолио, зајакнувањето на односите со клиентите и понатамошното позиционирање на Банката на пазарот - се посочува во нивната објава.
Од банката истакнуваат дека ова назначување е уште една потврда за посветеноста кон препознавање, развој и унапредување на талентите од сопствените редови.
- Веруваме дека неговото искуство, лидерство и визија ќе придонесат за натамошен раст, иновации и успешно остварување на стратешките цели на Банката.
Му честитаме на Благоја Устијаноски и му посакуваме многу успех во новата улога - се истакнува на крајот од објавата.
Слично
