Економија, финансии, бизнис

Контакт

Благој Механџиски го препиша „Зегин“

Благој Механџиски го препиша „Зегин“
Основачот на веледрогеријата „Зегин“ Благој Механџиски веќе не е нејзин сопственик. Тој потврдува дека е направена проомена во сопственичката структура на компанијата. „Точно е дека јас не сум веќе сопственик на веледрогеријата, му ја префрлив на мојот внук од сестра, фармаколог кој има завршено во Америка и е успешен во неговата работа во Германија. Аптеките „Зегин“ им ги префрлив на двете ќерки кои се дипломирани фармацевти а јас сум почесен претседател и работам на формирање нова компанија која ќе отвори ланец продавници за здрава храна во Македонија“, потврдува Механџиски за Либертас. Како причина за ваквиот потег тој го наведува новиот Закон за лекови, според кој сопственици на веледрогерии не можат да поседуваат и аптеки. Токму заради ова решение во изминатиот период е извршена промена во сопственичката структура и на други компании што во својот состав имаат и веледрогерија и аптеки. Токму ова решение во законот беше меѓу оние на кои имаа забелешки фармацевтите пред донесувањето на законот. Решението сепак помина и сега сопственик на веледрогерија не смее да поседува и аптека. Основните активности на веледрогеријата Зегин вклучуваат внатрешна и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски и други производи. Компанијата контролира пазарен удел од речиси 60% и соработува со 400 аптеки низ Македонија, клинички центри и општи болници. Во својот синџир има 80 аптеки, како и една поликлиника.    
Слично

Поврзани вести