Економија, финансии, бизнис

Контакт

Благ скок на нафтата, САД се грижат за резервите

Благ скок на нафтата, САД се грижат за резервите

Терминската цена на нафтата денеска порасна, по минатонеделниот остар пад, но аналитичарите тврдат дека на цената ке влијаат големите глобални резерви на нафта.

Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во април поскапела на Њујоршката берза за 15 центи на 50,96 долари, додека нафтата од типот „брент“ за испорака во Лондон поскапела за 21 цент на 60,43 долари, пренесува Франс пресс.

„Лесната“ нафта во петокот паднала 4,66 одсто, а „брент“ 2,1 одсто.

Аналитичар од сингапурската компанија „Филип фјучерс“ Даниел Анг изјавил дека растот на цената нема да потрае, додавајќи дека резервите на нафта во светот се и понатаму големи, а производството на тој дериват во САД и натаму преминува 9,2 милиони барели дневно.

Цената на нафтата од јуни изгубила вредност околу 60 одсто, поради големите резерви, слабоста на глобалните компании и силниот долар.

Слично

Поврзани вести