Благ раст на цените на угостителските услуги
Државниот завод за статистика објави дека цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,2 отсто. Порастот е забележан кај храната за 0.2 отсто, алкохолни пијалаци за 0,1 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто. Покачувањата на цените на угостителските услуги во септември 2012 година, во однос на септември лани бележат пораст од 0,5 отсто, а за периодот јануари-септември годинава во однос на јануари-септември лани намалување од 0,1 проценти. додоека во однос на декември 2011 година се бележи зголемување од 0,2 проценти.
Слично
