БЛАГ РАСТ НА НЛБ БАНКА: Може ли подобро?
Во однос на истиот период лани добивката на банката сега е поголема за над 1 милиони евра, а тоа е остварено во услови на раст на нето приходи од камати и од провизии, но и раст на резервации за кредити, раст на кредитирање, но и на намалување на депозитната банка
Нето добивка од 9,3 милиони евра, раст на нето приходот од камати за 13 отсто до износ од 1,33 милијарди денари (околу 21,5 милиони евра) и раст за кредитирањето за 533 милиони денари (околу 9 милиони евра) , ова се клучните параметри за работењето на НЛБ Банка Скопје во првите шест месеци годинава во споредба со истиот период лани. Во истиот период паралелно со континуираниот раст на нето приходите од камати и од провизии и надоместоци банката бележи раст и на резервациите за кредити, но и пад на депозитите и орочените штедни влогови.
Во вториот квартал година (април-јуни) НЛБ банка Скопје има нето профит од 214 милиони денари (околу 3,5 милиони евра), а вкупно за првото полгодие годинава нето добивката изнесува 9,33 милиони евра. Во споредба со големиот ривал „Комерцијална банка“, годинава досега НЛБ банка има речиси три пати поголем профит од своето работење. Останува уште Стопанска банка Скопје да ги објави своите резултати за да видиме која од големите деловни банки работела најуспешно во првата половина годинава.
Од билансот на успех најважно да се истакне е тоа што растат нето приходите на банката од камати, како најважна приходна ставка, но растат и приходите од провизии и надоместоци од кои банката остварува значајни средства.
Нето приходот од камати за половина година е 1,33 милијарди денари и тоа, очекувано, е речиси 100 отсто повеќе во однос на нето приходите од првиот квартал кога нето реализацијата изнесувала 677,9 милиони денари односно 11 милиони евра. Сличен е соодносот и кај ставката нето приходи од надоместоци и провизии.
Реализацијата за првите шест месеци е 466 милиони денари (над 7,5 милиони евра), а резултато во периодот април-јуни е 234,2 милиони денари (околу 3,8 милиони евра). Од податоците е очигледно дека менаџментот доследно го спроведува планот и солидно се позиционира на пазарот на кредити и воопшто на услуги што ги нуди оваа банка во конкуренција на другите големи банки во земјава.
На расходната страна односно од билансот на состојба е евидентно дека има пораст на резервациите за кредитните пласмани. Износот на резервации за првата половина од годинава е 277,1 милиони денари, а од тоа во вториот квартал резервациите се во износ од речиси 166 милиони денари. Ако се споредат двата квартали произлегува дека квантумот за резервации е повисок во периодот април-јуни и изнесува 60 отсто од целиот износ на резервации.Во споредба со лани овој износ, на ниво на полугодие, е повисок за 17 отсто. Тоа се случува во услови кога кредитното портфолио во јуни годинава во споредба со јуни лани пораснало за 533 милиони денари до износ од 44,2 милијарди денари.
На страната на расходите ставка со најголем раст се останатите расходи од дејноста. Тие на крај на јуни се 559,6 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 47 отсто. Без да навлегува во детали, во своето образложение до јавноста, објавено на страницата на берзата, менаџментот кажува дека цитираме „главно поради издвоените резервации за правен ризик“.
И на крај важно е да се потенцира дека е видливо благо намалување на депозитната база на банката и тоа во сегментот на депозити на други коминтенти, што всушност е и најголемата ставка. На крајот на јуни износот е 53,07 милијарди денари, а истиот период лани бил 56,7 милијарди денари. Во овој период депозитите се намалиле за 3,63 милијарди денари односно за 60 милиони евра и изнесуваат 860,1 милиони евра.
Р.Ф.

Слично