Економија, финансии, бизнис

Контакт

Благ пораст на нето платата во септември-Доволна ли е за да преживее едно просечно семејство?

Благ пораст на нето платата во септември-Доволна ли е за да преживее едно просечно семејство?

Во септември годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 22 024  денари покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 103.5.

Зголемувањето се должи на порастот на платите во секторите Уметност, забава и рекреација за 54.7%, Други услужни дејности за 27.3% и Транспорт и Административни и помошни услужни дејности за 8.4%.

Во секторите Уметност, забава и рекреација (38.2%), Други услужни дејности (18.9%) и  Преработувачка индустрија (1.3%) е забележано зголемување на месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец.

Во септември  2015 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не добиле плата.

Доволна ли е една просечна плата за потребите на четиричлено семејство?

Најновите податоци велат дека платите во регионот бележат пад, освен кај нас.

Најмногу платите паднале во Словенија и Србија а најмалку или не забележале пад платите во Македонија.

Просечните плати паднале и во Хрватска и БиХ  и во Црна Гора.

Податоците велат дека во Хрватска платите паднале за 5,68, во БиХ е забележан пад од 3,10 евра , додека во Црна Гора просечната плата е помала за едно евро.

И покрај растот на просечната плата кај нас од и понатаму сме на последното место по висина на просечна плата во споредба со соседите.

Се поставува прашањето дали една македонска просечна плата, која е на последно место по иснос за разлика од соседите, е доволна едно четиричлено семејство да преживее ?

Слично

Поврзани вести