Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛАГ ЧЕКОР НАПРЕД: Лирата почнува да му пркоси на доларот?

БЛАГ ЧЕКОР НАПРЕД: Лирата почнува да му пркоси на доларот?

Tурската лира ja зголеми вредноста во однос на американскиот долар денеска пред средбата на Комисијата за монетарна политика на Централната банка на Турција.

Вредноста за размена меѓу доларот и лирата опадна 6,3512 околу 14:30 часот по локално време, односно 1 процент.

Но, вредноста за размената долар-лира беше 6,4440 околу 9:30 часот.

Централната банка очекува каматите да растат во текот на неделата. На 3 септември банката најави дека ќе продолжи да ги користи сите расположливи мерки за да добие на стабилност.

Каматните стапки сега се под годишното ниво на инфлација во Турција.

Според Заводот за статистика на Турција, Туркстат годишното ниво на инфлација на земјата достигнало 17,90 проценти во август во споредба со јули, кога бројката беше 15,85 проценти.

Лирата оваа година изгуби околу 40% од вредноста. Причина се заострените односи меѓу САД и Турција. 

Слично

Поврзани вести