Економија, финансии, бизнис

Контакт

Blackstone сака да ја купи израелската фирма која „шпионира“ телефони

Blackstone сака да ја купи израелската фирма која „шпионира“ телефони

Blackstone групацијата понуди околу 400 милиони долари за преземање на 40% од сопственоста на израелската приватна компанија NSO која стои зад изработката на софтверски алатки за шпионирање на паметни мобилни телефони и комуникациска опрема. 

Во „походот“ на Blackstone ќе му се придружи и компанијата ClearSky која ќе преземе 10% од акциите со цел да извршат заеднички обид за откуп од NSO. Двете фирми се од САД и кои се нивните крајни намери за користење на израелската технологија засега се непознати бидејќи ниту од Blackstone ниту од  ClearSky не коментираат за планираната зделка со NSO.

Инаку NSO е формирана од израелците Омри Лавие и Шалев Хулио во 2009-та година, а во 2014-та од страна приватната финансиска инвестициска фирма Francisco Partners доби капитализација од 140 милиони долари. 

За 2016-та додели дивиденда од 230 милиони долари. Доколку склучат договор со Blackstone и ClearSky инвестицијата на Francisco Partners речиси тројно ќе се зголеми, со тоа што двајцата основачи и натаму ќе имаат по 6% од акциите, додека пак вработените ќе располагаат со 8% од акциите.

NSO често е предмет на скандали за шпионирање како неодамнешниот во Мексико каде постојат сомнежи дека Владата сакала да го користи софтверот Pegasus за шпионирање на опозицијата. 

Х.С.

Слично

Поврзани вести