Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисот во Африка еден од најважните допринесувачи за идниот развој на Нелт Група

Бизнисот во Африка еден од најважните допринесувачи за идниот развој на Нелт Група

Пред две недели официјално е отворена CANDY FACTORY во Луанда, во Специјалната економска зона. Ко-сопственик на фабриката е компанијата Нелт ЛДА, членка на српската групација Нелт. Препознатливи гуми за џвакање, лижавчиња и бонбони од Луанда ќе бидат дистрибуирани во цела Африка.

Нелт е важна регионална компанија која од година во година бележи раст на деловното работење на Балканот, а овој тип на инвестиции покажува колку се широки аспирациите за раст. Проектот во Ангола е претставува инвестиција од над 20 милиони евра.

„Во моментов вработуваме 90 работници, а очекувам за две години таа бројка да се искачи на преку 150 вработени. Со производствен капацитет од 6.700 тони годишно, дневното производство брзо ќе надмине 15 тони бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање“, изјави Борис Мачак, извршен потпретседател на Нелт Група за африканскиот пазар.

Афричките земји се пазари во развој со многу можности во  однос на бројот и старосната структура на населението, но и поради изобилството на природни ресурси, кои особено денес претставуваат основа на економскиот развој. Истовремено, предизвик е да се најде квалификувана работна сила,а пазарите се прилично нестабилни, со многу барања и предизвици. Сепак паметната стратегија на Нелт предвидува брз раст.

„Candy Factory има амбиција да биде национално и регионално препознаена како компанија која произведува анголски брендови. Верувам дека силно ќе влијаеме на растот на категоријата бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање, и дека наскоро ќе ја преземеме водечката улога во оваа категорија со 20% удел на пазарот“, објави Милена Киселички, директор за операции и развој на Candy Factory.

Нелт Групае присутна на пазарот во Ангола, Замбија и Мозамбик, каде што вработува над 500 луѓе. Се занимава со дистрибуција на своите брендови Неопланта и Фабрика за детска храна и производи на глобално признаени корпорации, како што се P&G, Mars, Nestle, Colgate, Heineken, SC Johnson, Dr. Oetker, Ferrero, Beiersdorf и други.

На глобално ниво Нелт Група се состои од 18 компании кои работат на 12 пазари во Европа и Африка, со 4.500 вработени и годишен обрт од преку една милијарда евра. Во Македонија Нелт СТ е присутна 24 години. Со своите 216 вработени, 6.500м2 магацински простор и 3.400 артикли во својата палета на продажба,  од своето основање до денес Нелт СТ претставува синоним за деловна извонредност во областа на дистрибуцијата. 

ПР објава

Слично

Поврзани вести