Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисот трпи, стопанствениците бараат промена на календарот!

Бизнисот трпи, стопанствениците бараат промена на календарот!

Стопанствениците пак ја актуелизираа иницијативата за усогласување на православниот со католичкиот Божик. Велат најмногу трпи бизнисот, а се консултираат и со Македонската православна црква чиј официјален став е дека треба да се почека и уште не е време, вели заменик претседателот на Сојузот на стопанските комори (ССК) Мирче Чекреџи, кој сепак додава дека нема канонски пречки.

„Нашата иницијатива трае веќе пет години. Сметаме дека усогласувањето на датумите за славење Божик ќе им помогне многу на фирмите, особено на извозно ориентираните зашто ќе се намали периодот во кој не е можно нашите компании да соработуваат со своите западноевропски партнери. Тие слават од 24 декември до Нова година, а ние од Нова година до 7 јануари“, вели Чекреџи.

Минимум 7-8 дена разидување со партнерите од странство за македонскиот бизнис значи многу, вели Чекреџи, а за време на католичкиот Божиќ никој не работи во цела Европа.

- Нашите фирми тие 7-8 дена пред Нова година не можат да работат ниту извозно, ниту увозно. По Нова година, пак, ние славиме, а Западна Европа работи. Се удвојува периодот во кој не може да се работи. Тоа треба да се корегира. Многу православни цркви, како Грчката, мислам и Бугарската, ја имаат направено оваа работа, вели заменик претседателот на ССК.

Стопанската комора на Македонија, ќе го поддржи секое решение што оди во правец на подобрување на условите за бизнис, вклучувајќи го и ова, вели нејзиниот претседател Бранко Азески.

„Само три држави, Србија, Русија и ние, го слават Божик на 7-ми јануари. Објективно, тоа создава проблеми зашто додека се слави католичкиот Божик, странските компании кај нас не работат и обратно. Се отвора 20-дневен период на „пауза“. Но, досегашното искуство покажува дека нашите компании лесно се прилагодуваат на ова, тогаш ги вршат ремонтите или поради вишоките трошоци, го намалуваат производството во тој период. Генерално, големите компании не трпат којзнае колкваи штети, но помалите да“, тврди Азески.

Слично

Поврзани вести