Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисот со марихуана е во криза

Бизнисот со марихуана е во криза
Почетната легализација на марихуаната во сојузната држава Колорадо донесе економски бум со огромен промет, високи даноци кон државниот буџет и нови отворени работни места, но сега индустријата е во голема криза поради се потешката и пообемната владина регулација. Кога марихуаната е веќе легална и достапна паѓа и побарувачката, а по секоја пазарна логика паѓа и цената на производот. Друг проблем со легалните произведувачи и продавачи е слабата поддршка од банките со кои не можат да го развијат својот бизнис преку заеми или кредити. pot-shop Банките се обврзани со федерални закони да водат строга евиденција за бизнисите кои работат со марихуана, да испраќаат редовни извештаи за сомнителни активности и да внимаваат како е потрошен секој долар. Токму затоа голем дел од банките прекинаа соработка со продавниците за марихуана и им нанесоа голем финансиски удар. Сега, експертите предвидуваат дека државата ќе мора да попушти и да внесе реформи со кои ќе дозволи бизнисот да се развива и ефективно да се спроведе законот за легализација на марихуаната.
Слично

Поврзани вести