Бизнисот чека „е-фактура“ од УЈП
Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и други претставници на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање.
Тооа е една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Двете страни, според сооопштениет од УЈП, се согласиле за интензивна соработка и активно вклучување на ресурсите и капацитетите на Комората, со цел навремено информирање и подготовка на компаниите за практична примена на новиот систем.
„Соговорниците оценија дека проектот има значајно влијание врз македонското стопанство, преку унапредување на деловната транспарентност, намалување на административните трошоци и ефикасна борба против сивата економија.
Управата за јавни приходи останува доследна на својата определба за јакнење на партнерскиот однос со даночните обврзници, кои се рамноправни чинители на даночниот систем и клучни носители на економскиот развој“, соопшти УЈП:
