Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисот бара предвидлива политика: Како Хај тек успеа да порасне во криза

Бизнисот бара предвидлива политика: Како Хај тек успеа да порасне во криза

Извесност и истрајна политика, државата да работи за и да разговара со реалниот сектор. Првиот човекна успешната домашна компанија „Хај тек“ Саво СТанковиќ вели дека и во Македонија може да с еводи успешна компанија, но дека за тоа треба и државата да води постојана политика без нагли промени. 

„Не смее да имаме нешто што трае четири години и после тоа да прекине затоа што тогаш ќе ги обесхрабрите луѓето. Ако тоа постојано се промовира како трајна политика на Македонија тогаш ќе охрабрите многу млади луѓе. Јас почнав од подрум, јас не сум имал вакви услови какви што сега имаат младиве луѓе. Значи самовработување, кредити од банките итн., така што нивните услови се далеку подобри отколку што беше во мојот период. Ако јас издржав зошто да не издржат и тие. Не треба да се очекува државата некому да даде нешто во џебот, туку треба да создава услови, а секој треба да се покаже што ќе прави во тие услови, вели Станковиќ.  


Хај тек“ е единствената домашна компанија која изгради фабрика вослободна економска зона, а вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи беше во посета.

„Некои можеби веруваа дека нема можности да инвестирате во слободните зони во Македонија. Ние го покажавме спротивното – до сега инвестиравме 8,5 милиони евра и изградивме фантастична фабрика која извезува. Направивме нешто што е многу важно, да имате овде еден степен на производство, кое таму е доградено со уште повеќе додадена вредност“, вели Станковиќ.

Во оваа кризна година прометот на компанијата ќе биде 10 проценти поголем од сега.

„Хај Тек е семејна компанија, која има традиција од 40 години, којашто покажала дека само со инвестиции во истражување и развој може да станете конкурентни, не само на македонскиот пазар, туку и во регионот и на глобално ниво. Ова е една од 245-те компании кои во изминатите 3 години имаат склучено договори за финансиска поддршка со Владата, од мерките од Планот за економски раст односно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Компанијата Хај Тек само во овој момент, во Северна Македонија вработува околу 200 лица, присутна е уште во 4 други држави, со вкупен број на вработени над 250 лица“, посочи вицепремиерот.


Во оваа компанија се изработуваат производи со додадена вредност, таканаречени ПЦБ табли (Printed circiut boards) кои се користат во електронски уреди во автомобилската и авионската индустрија, апарати за домаќинство, медицински уреди, индустриски машини, комуникациска технологија и други сектори. 


Слично

Поврзани вести