Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисот бара долгорочна програма, Заев на средба кај Азески

Бизнисот бара долгорочна програма, Заев на средба кај Азески

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, попладнево е на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. 

Вели дека сака да ги слушне предлозите на бизнис заедницата, а потоа и да ги вметне во партиската економска изборна програма. 

Му рекоа дека од идната власт очекуваат донесување национална развојна програма за 2020 – 2030 година, во кој ќе бидат содржани сите нивни барања, како и растовареност од нови обврски до членството на Македонија во ЕУ.

Заев рече дека дијалогот со компаниите продолжува. 

„Имаме уште многу да учиме. Свесни сме дека не сме ниту најпаметни, ниту најупатени, а сакаме, низ инклузивен процес да создадеме современа, модерна, дигитална економија и да ги вградиме сите важни, добри искуства на бизнисот кои би можеле да бидат наша водилка во наредниот четиригодишен период“– потенцира Заев.

Претседателот на СДСМ е во секоја прилика присутен кај нас, и за време на извршувањето на функцијата премиер и сега, во предизборието, при конципирањето на програмата. Ние сме секогаш подготвени за дијалог, вели Азески. 
„Управниот одбор ги утврди ставовите на Комората – што ќе бараме од политичите партии кога ќе дојдат тука на консулатации. Она што ќе му го соопштиме на средбата ќе биде во два дела. Првиот е дека очекуваме донесување национална развојна програма за 2020 – 2030 година во кој ќе бидат конципирани сите барања на бизнисот, а вториот, дека сакаме да видиме ситуација во која приближувањето кон ЕУ нема да носи нови обврски за компаниите додека не станеме членки“ – напомена Азески.
Заев вели дека една од причините зошто Македонија е насочена кон реализирање на евроинтеграциските цели и НАТО, е економскиот стандард, зголемувањето на БДП, отворањето нови работни места и покачување на платите.

Заедно со Заев во Стопанската комора беа присутни и претседателите на партиските комисии за финансии и енергетика.

Слично

Поврзани вести