Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИСОТ АЛАРМИРА: Државата должи огромни суми, во прашање е ликвидноста!

БИЗНИСОТ АЛАРМИРА: Државата должи огромни суми, во прашање е ликвидноста!
Повеќе од очигледно е дека политичката криза која е во ќорсокак, се одразува на бизнисот.Фирмите се повеќе се соочуваат со неликвидност и проблеми во наплатата на побарувањата.Бизнисмените укажуваат на сериозноста на овој проблем и од порано, но во екот на моменталната состојба, неможноста за наплата на долговите од други фирми или од државата ескалира. Државата не ги подмирува своите долгови кон компаниите навремено. Како што покажало истражувањето на Стопанска комора на Македонија, приватните компании кои вршеле услуги за државата имаат проблем со наплатата. Проблем е и враќањето на Данокот на додадена вредност. Дури 42 отсто од фирмите- членки на Стопанската Комора на Македонија, се пожалиле дека имаат проблем со ликвидноста токму поради неможноста да си ги наплатат побарувањата, пред се од јавниот сектор. „Поради непочитување на одредбите од Законот за финансиска дисциплина, кој системски треба да ги регулира меѓусебните плаќања и исполнување на меѓусебните договори, компаниите имаат дополнителни трошоци, бидејќи се принудени да земаат кредити за да можат да ги сервисираат своите обврски“, рече на вчерашната прес-конференција Билјана Пеева-Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија. Во анкетата на комората учествуваа 800 фирми.
Слично

Поврзани вести