Бизнисменот Билал Кара се бара со потерница
Албанските медиуми вчера објавија дека со потерница е во потрага по 45-годишниот албанско-турски бизнисмен Билал Кара.
Тој се бара поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, лоцирана во Албанија.
Кара, кој е еден од сопствениците на Клиниката, во 2023 година беше именуван за почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.
-Клиниката беше блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од 1 милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Исто така, кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани,објавија албанските медиуми.
Под групацијата „Санте Плус“ во Македнија се и болницата ВФВ Поликлиник во Скопје и Европската очна болница.
Foto> Instagram oficijalen profil Bilal Kara
