Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмените од Северозападна Македонија побараа железница до Албанија и автопат кон Косово

Бизнисмените од Северозападна Македонија побараа железница до Албанија и автопат кон Косово
Владата и бизнисмените со оценка дека 2013 година била добра за нив на економски план, а двете страни се надеваат дека соработката ќе продолжи и догодина. Вицепремиерот Зоран Ставрески и владините претставници денеска се сретнаа со стопанствениците од Комората на Северозападна Македонија. Според Ставрески, Владата го помогнала бизнисот со општиот амбиент за работа, евтините кредити и навременото раздолжување, додека бизнисмените за раст на економијата помогнае со својата креативност и претприемачкиот дух. Од Комората на Северозападна Македонија побараа да се работи на подобрување на бизнис климата, но и инфраструктурата. Како проблем го посочија железничко поврзување со Албанија и немањето автопат до Косово. „Како бизнис заедница сакаме да бидеме оптимисти и 2014 година сакаме да ја почнеме во оптимистички дух. Се надеваме на уште подлабока и почеста соработка со Владата“, изјави претседателот на КСМ, Мендерес Кучи. За Ставрески пак, добро било да се слушнат предлозите на стопанствениците. „Ова се предлози кои се контруктивни и добри и кои доаѓаат од искусни бизнисмени и наша задача и обврска е и натаму да помагаме и да настојуваме од се ова што може да се прифати и натаму да ја подобруваме бизнис климата и да има подобри услови за секој бизнисмен без разлика дали е мал или голем“, посочи Ставрески по средбата.  
Слично

Поврзани вести