Бизнисмените од Северно Косово најавија нови протести и блокади
Бизнисмените од Северно Косово на синоќешната средба во Косовска Митровица одлучија секој понеделник, среда и перот од 10 до 12 часот да ги блокираат сите патишта кои водат кон Северно Косово.
Во тој период ќе бидат затворени сите продавници во Косовска Митровица, во Звечан, во Зубин Поток и Лепосавич и ќе бидат блокирани патиштата кон граничните пунктови Јариње и Брњак на границата со Србија.
Нема да работаат и претпријатијата во Северно Косово, кои земаат суровини и материјали од Србија. Се очекува на протестите да учествуваат и претставници на локалните власти.
Слично
