Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмените од коморите на традиционален деловен појадок со премиерот Заев

Бизнисмените од коморите на традиционален деловен појадок со премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев ќе го одржи својот прв деловен појадок со голем број на бизнисмени од над 200 компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Станува збор за традиција на која се среќаваат владиниот тим за економија и бизнисмените.

Денеска пред гостите официјални обраќања предвидено е да имаат премиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска.

На појадокот ќе се дискутира за најзначајните економски прашања, a ќе биде доставен и презентиран пакет на 75 мерки за структурни економски реформи во Македонија. Претставниците на деловната заедница пред ресорните министри ќе ги презентираат предизвиците со кои се соочуваат и ќе понудат предлози за надминување врз основа на утврдена соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства. 

Пакетот од 75 мерки е во насока на хармонизација со препораките на ЕУ за неопходноста од спроведување на структурните реформи за подобрување на инвестициската клима во специфичните сектори, потоа регионална економска интеграција и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.

Слично

Поврзани вести