Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмените оценуваат дека бизнис-климата е влошена во однос на лани

Бизнисмените оценуваат дека бизнис-климата е влошена во однос на лани
Бизнис климата минатиот месец била понеповолна во споредба со истиот период лани - вака оцениле раководителите на компаниите. На месечно ниво регистрирано е подобрување на бизнис климата. Според податоците од Државниот завод за статистика, обемот на производство минатиот месец бил понеповолен во однос на претходниот месец февруари. Бизнисмените очекуваат дека во следните три месеци состојбата со обемот на производство ќе се подобри, но очекувањата за бројот на вработени се понеповолни. Статистиката регистрирала дека во истиот споредбен период , залихите на суровини и репроматеријали како и тековните набавки се под и околу нормалата. Искористеноста на капацитетите е 59,8%. Анализата покажала дека најголемо влијание на ограничување на производството минатиот месец имала недоволната странска и домашна побарувачка, финансиските проблеми и неизвесното економско опкружување.
Слично

Поврзани вести