БИЗНИСМЕНИТЕ ИЗДИШАА: Решете ја политичката криза!
И Народната банка, и министерот за економија, но и бизнисмените сметаат дека доаѓаат лоши денови по економијата. Политичката криза завзема големи размери, а не е на повидок дека ќе се реши.
„Дел од економијата веќе трпи, тоа го најави и гувернерот на Народната банка, тоа го најавив и јас во моите излагања – дека е неминовно економијата да трпи зашто политичката криза е директно врзана со инвестициите, со трговската рзмена со другите држави и ние ќе трпиме штети“, министерот за економија Бекир Незири
Дополнителна неизвесност за економијата носи и најавата дека Европската комисија во новиот Извештај занапредокот на Македонија ќе испорача “условена препорака“, што според дел од бизнисмените нема да биде добра вест за приватниот сектор.
“Ваквите мерки ќе влијаат неповолно глобално на политиката и на претпристапните фондови на ЕУ. Најважно за македонските компании е да го задржат високото ниво на конкурентност и да се почитуваат договорите за слободна трговија со земјите каде што се остварува најголемиот извоз“, изјави стопанственикот Антони Пешев.
Тој сепак оцени дека бизнисите сега функционираат како во предизборен период, на стенд-бај со своите деловни активности, во очекување на можните санкции кон земјава од страна на меѓународната заедница.
На штетноста од политичката криза врз бизнисот алармираа и претседателите на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски и на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа.
„Ситуацијата има многу значаен импакт, особено во малите и средните претпријатија чиј профит и успех се цени според потрошувачката на граѓаните“, вели Темелковски.
Според најновиот извештај на Светска Банка, годинава македонската економија ќе испорача раст од 3,2% а догодина се предвидува умерено зголемување од 3,4%. НБМ деновиве ќе ги испорача своите проценки.
Слично
