Бизнисмените до Владата: наместо да создава непријатели – да го подобри кредитниот рејтинг!
Дали Македонија ќе ја тужи или не американската кредитна агенција “Стандард и Пурс“ не е јасно, но по вчерашните оценки на премиерот Никола Груевски јасно е дека тој бил запознаен со реакцијата на Министерството за финасии, кое оцени дека Извештајот е нелогичен и дека агенцијата се меша во внатрешните работи на земјава.
“Она што Министерството за финансии го објави, тоа е она зад кое што стојам и јас и не би имал некој додатни коментар““ – изјави премиерот Груевски, сепак, додавајќи дека прифаќа дел од забелешките на Агенцијата.
Бизнисмените повикуваат Владата воопшто да не ја потценува оценката на кредитната агенција. Оценката е важна за сигурноста на странските и на домашните инвеститори, но и за македонските фирми во надворешната трговија – објаснува Венко Глигоров.
Еве според него, кои би биле клучните последици од намалениот кредитен рејтинг :
- Првиот удар би бил врз инвестициската клима.
“Ние и досега обрнувавме големо внимание на структурата на инвестициите, и отсега тоа ќе го правиме и ќе се трудиме колку што е можно да бидат попродуктивни расходите. Но, знаете, секогаш секоја држава има ситуација кога треба да инвестира и во нешто што е поврзано со други работи, поврзани со државноста на таа држава, но како и да е, ќе се трудиме во иднина да имаме максимално колку што е можно повеќе продуктивни инвестиции.“, рече Груевски.
Поради намалениот кредитен рејтинг, опозиционерите од ЛДП побараа оставка од министерот за финасии, додека од СДСМ оценија дека Извештајот е одраз на реалните економски состојби и ја повикаа Владата да не го игнорира.
Д.А.

“ Досегашниот кредитен рејтинг на Македонија (BBстабилен) не е доволен за засилено привлекување на странски инвестиции ниту за олеснување на извозните проекти на стопанствениците. Намалувањето на ББ- е уште полоша состојба“ – оценува Глигоров.- Ќе поскапат парите.
“Помалиот кредитен рејтинг значи и поголеми камати при кредитирањето на фирмите кое ќе доведе до поскапување на производите за фирмите и граѓаните. Помал рејтинг значи поголеми трошоци за македонските компании при извозот зошто треба да се грижат за поголем маркетинг, да се плаќаат поголеми давачки во осигурувањето, а увозните компании се оптоварени се поголеми трошоци при увозот бидејќи странските партнери се заштитуваат повеќе во соработката.“ – оценува Глигоров.- Намалена конкурентност Пониската оценка за кредитниот рејтинг, според економистите, ќе има негативни последици генерално за конкурентноста на македонската економија, зголемување на цените и осиромашување на поголем број на граѓани, а заради недоволната атрактивност на земјата, многу млади и квалитетни луѓе уште позасилено ќе ја напуштаат земјата. Додека Владата го “отфрли“ Извештајот како неконзистен и нелогичен, експертската јавност повикува да не се игнорират оценките и да се преземат мерки.
“Сево отвора негативна спирала и затоа е потребно Владата најсериозно да пристапи кон подобрување на кредитниот рејтинг наместо енергијата да ја троши на создавање на опоненти и непријатели во светските агенции. Владата на РМ е потребно итно да изготви програма со мерки кои ќе доведат до кредитен рејтинг на Македонија од најмалку BBB за да се почувствуваат позитивни придобивки во економијата. Во извештајот на Стандард и Пурс се наведени областите заради кои Македонија доби послаба оценка. Овие области треба да бидат во фокусот на активностите на Владата на РМ“ – посочува аналитичарот и бизнисмен Глигоров.Премиерот Груевски не сакаше да ги коментира детаљите од извештајот на “Стандард и Пурс“, иако наведе дека некои работи ќе се менуваат.

Слично