Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмените децидни – без евтини и долгорочни кредити нема реален стопански развој

Бизнисмените децидни – без евтини и долгорочни кредити нема реален стопански развој
Бизнисмените од гувернерот Димитар Богов побараа пониски камати и долгорочни кредити за капитални инвестиции. Денеска во Стопанската комора тие посочија дека е  невозможно со краткорочни заеми до пет или седум години да се прават хали или погони.Како голем проблем ги посочија високите провизии за кредитите, но и нивната исплатливост. „Ако сте притиснати да го вратите кредитот за максимум седум години, ќе ја изгубите флексибилноста, кеш портфолиото, обртните средства. Сте вложиле, но инвестицијата ќе почне да ви се исплаќа дури кога ќе го вратите кредитот, по седум години, а дотогаш ќе застари технологијата“, истакна Горан Рафајловски, еден од стопанствениците присутни на дискусијата кој укажа и дека ако кредитот оптоварува на пократок рок повеќе отколку што компанијата може да издржи, тогаш, тоа не е добар кредит. За бизнисменот Шефки Алити, пак провизиите се еден од најголемите проблеми. Дали НБРМ ќе преземе нешто во врска со овој пробле, запраша тој. „Во однос на соседните држави, Косово, Бугарија и Албанија, имаме највисоки каматни стапки за кредитите, но и највисоки провизии. Народната банка треба да делува кај банките да ги ревидираат каматите и провизиите за да живнат малите и средните претпријатија“,истакна Алити. За Гувернерот Богов пак, намалувањето на каматите ќе има само ако се намали цената на изворите на финансирање на банките. Истакна сека каматните стапки што сега ги нудат банките се историски најниски, околу седум отсто, но во споредба со другите земји, бројката е повисока. „Во овој сегмент, многу важен фактор се изворите на средства што банките ги користат. Ако тие обезбедуваат пари со пониски камати, така и ќе ги пласираат“,забележа Богов. Пред неколку дена НБРМ излезе со пооптимистички прогнози за економскиот раст, кој ќе изнесува 3,3% за 2013, односно 3,7% за 2014 година.
Слично

Поврзани вести