Бизнисмените бараат помалку пречки на граница
Полесни царински процедури и намалени технички бариери, бараат стопанствениците, според кои границите сега се „тесно грло“ за бизнисот. Долгите задржувања на границите го поскапуваат транспортот на стоки и го прават нерентабилен, се пожалија заедно бизнисмените од Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-западна Македонија.
Тие бараат да се формира меѓународен конзорциум за следење на протокот на стоки на граничните премини и отстранување на проблемите кои го отежнуваат транспортот, но за негово функционирање ќе треба да се согласат и бизнис заедниците од земјите од регионот и нивните влади.
„Потребно е да се зголемат и капацитетите на граничниот премин Богородица кое е тесно грло посебно во летниот период, да се подобри електронското поврзување, системот на издавање на дозволи и плаќање такси по електронски пак како и дополнително техничко опремување на сите гранични премини“, вели Билјана Пеева - Ѓуриќ од Стопанската комора.
Пресметката на бизнисмените го покажува следното:
- Од Истанбул до Скопје преку Коридорот 8, кој е долг 1.140 километри, транспортот на стоки трае 2,5 дена и чини 2000 евра
- Од Белград до Солун, по Коридорот 10, кој е долг околу 625 километри, транспортот трае 2 дена и чини 850-900 евра.
„Ако со патиштата се крати времето за стигнување од граничниот премин Богородица до граничниот премин Табановце за 30 минути, на граничните премини стоките се задржуваат по два до три часа. На патот од една до друга земја се бараат двојни или тројни дозволи“, вели Иван Петровски од „Фершпед“.
Слично
