Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмените бараат да учествуваат во процесот на носење на законите

Бизнисмените бараат да учествуваат во процесот на носење на законите
Поголема правна сигурност бараат бизнисмените, како и можност да учествуваат при носењето на законите во државата. Тие ова го изнеле на средба со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, со кого заедни денеска ги разгледаа забелешките од Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. Главнотот барање на претставниците на стопанските комори на средбата било во иднина задолжително да се консултираат пред да се донесат законски прописи од значење за економијата. „Тоа ќе обезбеди нивно подобрување и ќе ја обезбеди нивната функционалност“, рече Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. „Се носат закони брзо, кои се нејасни и за самите носители и нефункционални. Законите треба да бидат иницирани од потребите на стопанството. Често се носат селективно, како што е проблемот со задолжницата, закон кој ние го баравме, но не тој да се однесува само за бизнис-заедницата, не да се дисциплинираме сами себе. Ние сме дисциплинирани, луѓе сме од чаршија и функционираме пазарно. Во суштина тој закон треба да важи и за Владата. Тука мислам и на општините и на други јавни институции“, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија. Претходно, Бесими соопшти дека на средбата станало збор како да се подобри конкурентноста на македонската економија. Вицепремиерот истакнал дека потврда за поволната бизнис клима во Република Македонија се Есенските економски прогнози за 2014 година на Европската комисија според кои проектираниот раст на БДП за Република Македонија изнесува 3,3% за 2014 г., 3,4 во 2015 и 3,6% во 2016 година, што не рангира на првото место во регионот и второто место во Европа.
Слично

Поврзани вести