Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмени со блокади на ХЕЦ Шпилје: Им трпи бизнисот од прекините

Бизнисмени со блокади на ХЕЦ Шпилје: Им трпи бизнисот од прекините

Граѓани на Дебар предводени од бизнисмени дојдоа пред ХЕЦ Шпилје да протестираат откако од АД ЕЛЕМ соопштија дека градот цел ден ќе нема струја, но и поради се позачестените долги прекини.

Тие се жалат дека поради честото исклучување на струја трпат големи штети во бизнисот.

Го блокираа патот со автомобили од браната кон централата „Шпилје“ и најавија помасовни протести и тужби.

Директорот на подружницата АД ЕЛЕМ „Црн Дрим“ Сашо Коркут.им објасни дека за санирање на дефектот е потребно подолго време поради настанат дефект на дел од опремата.

Се чека овластениот сервисер „Кончар ИНГ” од Хрватска да го обезбеди делот кој е потребен за рестартирање.

Во Дебар денеска е предвидено од 10 до 18 часот да има прекин во снабдувањето со струја заради сервисирање на трансформаторот преку кој градот се снабдува со електрична енергија, соопштија од АД ЕЛЕМ.

Слично

Поврзани вести