Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмени од Ирак доаѓаат во Македонија

Бизнисмени од Ирак доаѓаат во Македонија
Ирачки бизнисмени идната недела ќе ја посетат Македонија за да се запознаат со нејзините економски потенцијали, пред се во делот на индустриските и прехранбените производи, како и секторите градежништво, туризам, здравство, образование и спорт, информира Стопанската комора на Македонија. „Ирачките компании се заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар, прехранбени и пијалоци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам,.... Бизнисмените ќе се запознаат и со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија. Во рамки на нивната посета, ќе организираме бизнис-форум за воспоставување билатерални деловни контакти со македонски компании кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери“, вели Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија.

Делегацијата е дел од Унијата на ирачки бизнисмени со седиште во Багдад, бизнис асоцијација која соработува со арапските и меѓународните организации и ги поттикнува на заеднички вложувања во Ирак со цел реконструкција на економијата на оваа земја.

Идејата на македонските и ирачките бизнисмени, кои веќе имале воспоставено првични контакти, била обнова на силните економски врски меѓу двете земји кои  постоеле пред дваесет години.

 
Слично

Поврзани вести