Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмен од Бања Лука убиен во заседа: „Ликвидацијата-убиство со потпис на власта“

Бизнисмен од Бања Лука убиен во заседа: „Ликвидацијата-убиство со потпис на власта“

Драган Мектиќ, министерот за безбедност на БиХ во технички мандат, тврди дека ликвидацијата на бизнисменот Славиша Круниќ е „убиство со потпис на власта“.

-Се тоа ќе го реши резервниот состав на полицијата-ирононично забележал Мектиќ на својот профил на Твитер, пренесува Б92.

Круниќ е убиен синоќа во размена на оган во населбата Гламочани близу Бања Лука.

Во пукањето покрај него се убиени уште две лица, еден од напаѓачите и телохранител на убиениот бизнисмен.

Убиениот напаѓач од претходно и е познат на полицијата и бил на потерница на Хрватска.

Како што пренесуваат „Независни новини“ убијците го начекале Круниќ пред влезот на семејниот имот во местото Јаблан кај Трна, а потоа во неговиот автомобил се испукани повеќе рафали.

Извор од истрагата открива дека убијците биле од две различни страни. 

Слично

Поврзани вести