Бизнис заедницата бара да се донесе буџетот за наредната година
Задоцнувањето на донесувањето на буџетот на Република Македонија во било која форма е неповолно и донесува дополнителни доцнења во делот на исплатата на буџетските обврски на државата кон реалниот сектор, изјави Антони Пешев, потпретседателот на Стопанската комора на Македонија на паузата на Форумот на тема „Земјите од Западен Балкан - регионална инвестициска дестинација и заеднички настап на трети пазари“.
За Стопанската комора, додаде, недонесувањето или временото функционирање на буџетот ќе значи намалување на економската активност.
- Цениме дека Македонија треба да најде сили, да не прави циркуз од овој процес и да го донесе буџетот и по цена на потенцијални грешки кои може да се случат. Нема полоша работа од тоа државата како еден од најголемите корисници на македонската економија да не е во состојба да функционира поради недонесувањето на буџетот. Затоа препорачуваме и би сакале да видиме донесување на буџетот на Република Македонија, потенцира Пешев
