БИЗНИС ВО КОЈ СЕ ВРТАТ ДОБРИ ПАРИ: Како курирските фирми растураат на домашниот пазар
Додека државниот монопол за универзални поштенски услуги ниже загуби приватните курирски фирми растураат на домашниот пазар за пратки. Официјалните податоци покажуваат дека шест приватни компании во 2018 година имале приходи кои се поголеми од половина милион евра. При тоа само една од тие компании работела со загуба, а сите други прават профит.
Шесте курирски компании кои се регистрирани за дејностите останати поштенски и курирски услуги генерирале кумулативен приход од 13 милиони евра. Наспрема нив државниот монопол има приход од 19,2 милиони евра и загуба поголема од 2,7 милиони евра.
Деталите читајте ги овде.
Слично
