БИЗНИС СКАНДАЛИ: Ова се најголемите афери во 2015-та
Оваа година во светот на бизнисот се случија многу корпоративни афери, а ние ви ги претставуваме најголемите од нив.
Тошиба и скандалот во сметководството
Во обид да ја исполни агресивните профитерски цели поставени од страна на раководството, Тошиба измисли финансиски резулатати. Компанијата призна дека вештачки ја подигнувала својата заработка во период од над седум години за скоро две милијарди долари
ФИФА
Оваа година во светот стана јавно она што долго време се сомневаше, дека ФИФА има проблем со институционална корупција. Во текот на двата брана апсења, во мај и во декември, поднесени се пријави против ФИФА за земање мито.
Случајот Голдман Сакс
Во октомври инвестиционата фирма Голдман Сакс казнета е со 50 милиони долари бидејќи не го надгледувала вработениот кој наводно користел доверливи информации во прописите во корист на клинетите.
Бизнисот со нафта и гас
Во ноември 44 луѓе и девет различни нафтени и гасни компании во Њујорк се обвинети за корупција и измама. Обвинителството тврди дека комапниите украле и препродале масло за греење во вредност од 34 милиони долари. Податоците зборуваат дека купците се оштетени од компаниите за дури 10% нафта која верувале дека ја купиле.
Хакирање на детски лични податоци
Vtech, производител на играчки кој прави компјутери и таблети за деца, беше жртва на масивно хакирање во кое се откриени и украдени 6,4 милиони детски податоци и 4,8 милиони податоци на возрасни. Компанијата, ги чувала податоците за имињата, адресите, фотографиите а многу осетливи сервери. За среќа, место злоупотреба на податоците, хакерот ги однел кај медиумите за да го натера прозиводителот да поработи на прашањето за безбедност.
Ексон мобајл
Во 80-тите и рани 90-ти Ексон имаше тимови на научници кои го проучуваа глобалното загревање на Арктикот. Научниците заклучиле дека опасноста од загревањето и се заканува на компанијата, но и покрај тоа, Ексон одлучува да започне повеќемилионска кампања која се однесува на прашањето на климатските промени и сето тоа со цел зголемување на профитот на компанијата.
Фолксваген
Агенцијата за заштита на животната средина во септември ја фати компанијта во огромен скандал. Дизел моторите имале вграден софтвер кој им овозможувал лажно да поминат на емисионите тестови. Фолксваген ја потврди измамата дека намерно ги лажирале тестотвите и откри 11 милиони автомобили кои се опремени со уреди кои вклучувале компјутерски систем за полна контрола на извдувните гасови
Тјуринг
Поранешниот директор на фармацевтската компанија, Мартин Шкрели ги откупи правата на лекот дараприм. Лекот ги третира ретките инфекции ка пациентите со сида и хив, а после откупот на правата цената ја зголеми од 18 на 750 долари.
Ешли Медисон
Непознати хакери влегоа во базата на сајтот кој организирал вонбрачни контакти на преку 36 милиони корисници. Имињата, адресите, сексуалните склоности на корисниците излегоа во јавност, а покрај борјните разводи, две лица извршија самоубиство.









