Бизнис-семејствата Омерагиќ и Накови се степале во Суд, синот на Штерјо заврши во болница!
Еден од синовите на бизнисменот Штерјо Наков и сопствениците на „Руле Турс“ Ружди и Масар Омерагиќ се степале во Основниот суд - Скопје 2 вчера.
Во тепачката, која избила додека двете семејства воделе меѓусебен судски процес, морала да интервенира и судската полиција. Инцидентот за Плусинфо го потврдија од судот.
„Според писмениот извештај на судската полиција, Ружди и Масар Омерагиќ со тупаници го удирале Наков по главата по што интервенираше судската полиција. Веднаш била известена полицијата, а пристигнало и возило на Итна помош“, вели портпаролката на судот, Сања Томиќ.
Во тепачката, Драган Наков се здобил со повреди и бил префрлен во болница. МВР соопшти дека најверојатна причина за инцидентот се „нерасчистени имотно-правни односи“, а против напаѓачите ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Слично
